Учество на Билатерални скрининг состаноци за Поглавјето 11, „Земјоделство и рурален развој“ и Поглавјето 33, „Финансиски и буџетски одредби“
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска беше дел од делегациите на Република Северна Македонија кои изминатата недела учествуваа на билатералните скрининг состаноци за Поглавјето 11, „Земјоделство и рурален развој“ и Поглавјето 33, „Финансиски и буџетски одредби“, одржани во Брисел, Белгија .
Покрај претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, македонската делегација на билетералниот скрининг состанок за поглавјето 11 ја сочинуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанстопанство Љупчо Николовски, кое е институција носител за ова поглавје, како и претставници од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Државниот земјоделски инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државна комисија за спречување на корупцијата како и Секретаријатот за европски прашања.
На билетералниот скрининг состанок за поглавјето 33, покрај претседателката Ивановска учествуваа претставници од Министерството за финансии, кое е носител на ова поглавје, како и претставници од други релевантни институции како што се Управата за јавни приходи, Царинската управа, Министерството за животна средина и просторно планирање, Држаниот завод за статистика и Секретаријатот за Европски прашања.