Учество на Меѓународна конференција по повод 15 години Агенција за спречување на корупцијата во Србија
Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваше на Меѓународната конференција организирана по повод 15 години постоење на Агенцијата за спречување на корупцијата во Србија.
Меѓународната конфереција насловена „15 години развивање антикорупциски механизми засновани на меѓународна институционална соработка“ се одржа во Белград на 09 декември 2025 година, во организицијата на Агенцијата за спречување на корупцијата и Мисијата на ОБСЕ во Србија.
Заменик претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата м-р Цвета Ристовска беше дел од панел дискусијата на тема „Антикорупциска соработка – заеднички цели“.
Заменик претседателката Ристовска во своето обраќање се осврна на можностите и предизвиците за регионална соработка во насока на поефикасна превенција и борба со корупцијата.
На конференцијата учествуваа највисоки претставници од законодавната извршната и судската власт во Србија, антикорупциски тела од регионот, претставници на меѓународните организации, невладиниот сектор и медимите.

















