34-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.12/19) и член 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе
ОДЛУКА
за свикување на 34–та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 19.06.2026 година (петок), со почеток во 11:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Донесување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 и Акциски план за нејзино спроведување;
- Прашања и предлози














