49-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) и членот 10 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата (Пречистен текст), Заменик претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 49–та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 07.06.2021 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, во просториите на ДКСК на адреса Пресвета Богородица број 3, Скопје со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на Предлог – Записник од 45-та седница на ДКСК од 29.12.2020 гдина и првото продолжение на 45-та седница на ДКСК од 30.12.2020 година; Усвојување на Предлог – Записник од 44-та седница на ДКСК од 23.12.2020 година-предмети по пријави од укажувачи;
- Избор на Генерален секретар во Секретаријатот на ДКСК
- Постапување по конкретни предмети
- Прашања и предлози
Имајќи во предвид дека активностите поврзани со адаптирање на просторот на новата адреса Пресвета Богородица број 3, Скопје и активирањето на информатичката опремата се уште се во тек, Државната комисија за спречување на корупцијата не е во можност да обезбеди услови за присуство на јавноста, поради што 49-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се одржи БЕЗ ПРИСУСТВО на јавноста.
За одлуките и заклучоците донесени на оваа седница, ДКСК ќе ја извести јавноста преку Соопштение.