92-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) и членот 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 92–та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 11.09.2023 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог записник од 90-та седница на ДКСК од 04.08.2023 година;
- Постапување по конкретни предмети;
- Прашања и предлози.
- Постапување по предмети оформени по пријави од укажувачи, согласно со Законот за заштита на укажувачите.
Седницата, исто така, ќе се пренесува во живо на youtube каналот на МИА на следниот линк: https://www.youtube.com/live/ruz_OS-BORA?si=o-5VqgkG31PV1mlr