USAID CEP

USAID CEP

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) со поддршка од USAID, во рамки на Проектот за граѓанско учество разви активности кои се однесуваат на зајакнување на капацитетите на ДКСК во насока на поефикасно и поефективно реализирање на надлежностите. Поконкретно, се обезбеди поддршка на чии активности интензивно се работи, а во насока на воспоставување на Тренинг центар во рамките на ДКСК, кој ќе обезбеди јакнење на свеста и знаењето во борбата против корупцијата, судир на интереси и интегритет за вработените  од институциите на централната и локалната власт, и генерално пошироката јавност. За непречено функционирање на овој Тренинг центар е развиена наставна програма за обуки за борбата против корупцијата, судир на интереси и интегритет.

Како партнери во реализација на проектните активности поддржани од USAID CEP се и Transparency International Macedonia (ТИ-М), со стручна експертиза во изработката на документот „Проценка на ранливоста кон корупција во државните институции и власти за просторно планирање, урбанизам и градежништво“. Овој извештај вклучува збир на препораки за намалување (минимизирање) на ризиците од корупција и методологија за следење на нивното спроведување. Во текот на извештајниот период, ТИ-М продолжи да го следи спроведувањето на препораките. Првиот квартален извештај за имплементацијата на препораките од проценкатa на ранливост од корупција во државните институции и локална власт во областа просторно планирање, урбанизам и градежништо е веќе објавен на сајтот на ДКСК и се однесува за периодот јануари – март 2022 година.

Воедно, од големо значење е и поддршката која USAID CEP ја даде за изработка на извештајот за Мониторинг на имплементацијата на препораките од Извештајот од Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“. Ова е континуиран процес, чии препораки се од голема важност да се имплементираат, а се мерат успешноста од реактивноста и степеност на развој/реализација.

Од особена важност покрај реализирањето на активности кои се однесуваат или се во соработка со органите на централната власт, се и единиците на локалната самоуправа. Оттука, USAID CEP преку Здружението Асоцијација за демократска иницијатива Гостивар (АДИ Гостивар) спроведе активности за промоција на улогата на ДКСК со цел подигнување на знаењето на граѓаните за важноста на ДКСК и зајакнување на нивната активна вклученост во процесот на градење на правна држава.

Во мај 2022 година, се поддржа работна средба на ДКСК и Кабинетот на заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење во насока на јакнење на координацијата и ефикасна реализација на целите.

Како дел од компонентата за градење на капацитети, преку ТИ-М, USAID CEP обезбеди поддршка за два водичи:  Водич за потребите на Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) за спроведување на мониторинг по препораки од Извештајот за проценка на ранливоста од корупција во државните институции и локалните власти, во областа на просторното планирање, урбанизмот и градежништво и Водич за спроведување на мониторинг по препораки од Извештајот за проценка на ранливоста од корупција во државните институции и локалните власти во областа просторно планирање, урбанизам и градежништво (ова е за преостанатите институции).