Учество на Регионална конференција за борба против корупцијата
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска и членот на ДКСК м-р Шемши Салаи учествуваа на Регионалната конференција за борба против корупцијата, која се одржа во Скопје на 14.12.2022 година.
Организатор на конференцијата беше Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење во соработка со Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Владата на Велика Британија и Регионалната Антикорупциска Иницијатива.
На Регионалната конференција свое обраќање имаше членот на ДКСК м-р Шемши Салаи кој како претставник на ДКСК учествуваше на двата подготвителни состаноци на техничко ниво одржани во Дубровник и Виена во насока на подготовка на Регионалната конференција.
На Регионалната конференција се дискутираше за потребата од подобрување и зајакнување на борбата со организираниот криминал и корупцијата, како и за потребата од зајакнување на регионалната соработка на земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата и незаконските финансиски текови во регионот, особено во контекст на Берлинскиот процес.