TAIEX експертската мисија за формирање на Аналитички центар во рамки на ДКСК
Државната комисија за спречување на корупцијата успешно ја користи TAIEX краткорочната техничка помош за исполнување на својата надлежност. Оттука, од 07.02.2023 до 09.02.2023 година се реализираше TAIEX експертската мисија за формирање на Аналитички центар во рамки на ДКСК. За оваа цел, од страна на Европската комисија беше ангажирана експертката Маргарита Добринина од Република Литванија, која одржа средби со релевантни чинители и тоа: Претседателката на ДКСК и членовите на ДКСК, Генералната секретарка, вработените во Секретаријатот на ДКСК, Министерството за правда и претставници на граѓанските организации – членки на Платформата на невладини организации за борба против корупцијата. Целта на експертската мисија беше да се процени моменталната состојба на институционалната и организациската поставеност и законската регулатива со цел да се предложат препораки за што е можно покорисни решенија за воведување на Аналитички центар во ДКСК. Целта на формирањето на Аналитички центар во рамките на ДКСК е да се зајакнат институционалните и организациски капацитети за спречување на корупцијата, како и да се подигне интегритетот и нивото на доверба кај граѓаните.