Учество на Билатерални скрининг состаноци за поглавје 26, „Образование и наука“ и поглавје 20 „Претпријатија и индустриска политика“
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Иваноска е дел од делегацијата на Република Северна Македонија која учествува на билатералните скрининг состаноци за поглавјето 26, „Образование и наука“ и поглавјето 20 „Претпријатија и индустриска политика“.
Наведените билатерални скрининг состаноци се одржуваат во периодот 30.05.2023-01.06.2023 година во Брисел, Белгија.