ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2023 за унапредување на 1 (еден) административен службеник во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата
Врз основа на член 11, член 30 став 1 алинеја 2, став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ” бр. 27/2014, 199/2014; 48/2015; 154/2015; 5/2016; 142/2016 и 11/2018) и („Службен весник на РСМ” бр. 275/2019, 14/2020, 215/2021 и 99/2022), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РМ“ бр.11/2015, 35/2018 и 303/2020) како и Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр. 02-2532/1 од 24.07.2020 година и Правилникот за дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.04-723/1 од 15.02.2021 година, Државната комисија за спречување на корупцијата објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2023
за унапредување на 1 (еден) административен службеник во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата
- УПР0101В01000 Советник за спроведување едукација, подигање на јавната свест и развивање на концептот на интегритет, Одделение за стратешко планирање, соработка, проекти, аналитика и едукација, Сектор за стратешко планирање и интегритет – 1 извршител
Општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Политички науки или Правни науки
– Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката
Општи работни компетенции на средно ниво
– решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни; и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Распоред на работно време
– Работни денови: понеделник-петок
– Работни часови: неделно 40
– Работно време: cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот, а со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа
Платата за работното место е во паричен нето износ од 28.741,00 денари.
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата како и следните услови:
– да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
– да поминал најмалку две години на истото ниво и
– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Државната комисија за спречување на корупцијата до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената адреса на Одделението за управување со човечки ресурси: hr@dksk.org.mk
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази
– потврди за успешно реализирани обуки и/или
– потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас на веб страната на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
НАПОМЕНА: Ненавремената, нецелосната и неуредно пополнетата пријава нема да се разгледува. Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.
Одлука за избор на кандидат за унапредување