Обука за промоција на правните и етичките аспекти на интегритетот во процесите на управување со човечките ресурси во институциите од јавниот сектор
Интегритетот е темел на доброто управување во институциите од јавниот сектор, па оттука унапредувањето на политиките на интегритет и етика претставува придонес кон спречување на можностите за појава на различни форми на корупција и неетичко однесување во рамките на институциите.
За таа цел, на 13.07.2023 година во Хотел Парк во Скопје се одржа првата од трите обуки за промоција на правните и етичките аспекти на интегритетот во процесите на управување со човечки ресурси во институциите од јавниот сектор, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Државната комисија за спречување на корупцијата.
Промоцијата на интегритетот ќе продолжи и оваа година, бидејќи истиот претставува стратешки и одржлив одговор на ризиците од корупција во јавниот сектор на нашата држава.