Обука за ISO 37001:2016 Систем за управување со анти-корупција
Имено, ISO 37001:2016 Систем за управување со анти-корупција е нова бизнис алатка од Интернационалната Организација за стандардизација, која ја препознава корупцијата како еден од најзначајните светски проблеми. ИСО стандардот против корупција дава насоки за функционирање на системот за управување кој е така дизајниран за да и помогне на организацијата да го спречи, открие и реагира на поткуп и да се усогласи со законите против поткуп и доброволните обврски применливи за нејзините активности.
Во рамки на проектот „Активност за анти-корупција и интегритет“, финансиран од УСАИД, а спроведуван од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), во просториите на ДКСК се реализираше двочасовна обука/ предавање на тема “ISO 37001:2016 Систем за управување со анти-корупција”.
Обуката беше наменета за претседателот и членовите на ДКСК како и за вработените во Секретаријатот на ДКСК.
Предавачи на обуката беа д-р Анета Араудовска и д-р Гоце Наумовски.
На учесниците на обуката ќе им бидат доделени сертификати.