Студиска посета во Белград, Р. Србија
Во рамки на Мобилната шема на Регионалното училиште за јавна администрација – РеСПА, на 19 и 20 октомври 2023 година, претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата реализираа студиска посета на Агенцијата за спречување на корупцијата на Република Србија.
Дводневната посета на Агенцијата беше организирана со цел размена на искуства и добри практики во областа на развојот на системот за интегритет.
На првиот ден од студиската посета, Агенцијата ги запозна своите колеги од ДКСК со своите надлежности и организациска структура, механизмите и плановите за зајакнување на интегритетот, како и обуката за етика и интегритет.
На вториот ден, вработените во Агенцијата ги презентираа активностите во областа на проценка на ризици од корупција во регулативата, стратешкото планирање на Агенцијата, соработката со медиумите и граѓанскиот сектор, како и спроведување на кампањи за подигање на свеста за корупција.
Претставниците на ДКСК го претставија својот модел и начин на работа во областа на образованието на младите на тема спречување на корупцијата и ги споделија своите искуства во следењето на имплементацијата на Националната стратегија за борба против корупцијата.