Учество на Конференција на тема „Транспаретност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции“
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска и членот на ДКСК Нури Бајрами учествуваа на конференцијата на тема „Транспаретност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции“, што Институтот за комуникациски студии (ИКС) ја организира на 12 декември 2023 година.
Само со поголема транспарентост на јавните институции може да се обезбеди отчетност на трошењето на парите на граѓаните што се одлеваат од државниот буџет. Институционалната транспаретност е подобрена изминатите години, но перцепцијата на граѓаните сепак е разочарувачка, а јавната доверба во институциите е ниска, беше констатирано на конференцијата.
Корупцијата е најголем проблем со кој граѓаните се соочуваат. Таа ја нарушува демократијата, ги нарушува условите за живот и социјалната кохезија.
Отвореноста на државните институции е неопходна за откривање и спречување на корупцијата, а особено тоа се однесува на финансиска транспаретност и за тоа како се трошат парите на даночните обврзници, беше истакнато на коференцијата.