Присуство на 21-та Меѓународна конференција за антикорупција во Вилнус, Литванија
Во периодот од 18-ти до 21-јуни, членот на ДКСК г-ѓа Билјана Каракашова Шулев присуствуваше на 21-та Меѓународна конференција за антикорупција како дел од делегацијата поддржана од Амбасадата на САД во Северна Македонија. Во рамки на конференцијата заедно со другите делегации од земјите од Западен Балкан беше остварена средба со Координаторот за глобална антикорупција во Стејт департментот, Ричард Нефју.
Меѓународната конференција за антикорупција (IACC) има за цел да ја унапреди антикорупциската агенда преку подигање на свеста и стимулирање на дебата, да поттикнува вмрежување и глобална размена на искуства кои се неопходни за ефективно дејствување, како на глобално, така и на национално ниво.
Конференцијата воедно е врвен светски глобален форум кој овозможува дијалог помеѓу претставници на влади, антикорупциски тела, граѓанското општество и приватниот сектор на кој се дискутираат предизвиците во борбата против корупцијата и се промовира меѓународната соработка меѓу сите чинители во борбата против корупцијата.