Посебен извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања Предвремени збори за Градоначалник на општина Пласница и општина Штип-2020
Државната комисија за спречување на корупцијата го усвои Посебниот извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања Предвремени збори за Градоначалник на општина Пласница и општина Штип-2020 и согласно надлежноста утврдена во членот 36 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси , на ден 17.03.2021 година, истиот го достави до Собранието на Република Северна Македонија.