Известување во врска со ДЕМАНТОТ на Општина Куманово
По повод Демантот, објавен на веб страницата на Општина Куманово на ден 23.04.2021 година, а во кој се наведува дека, “Изјавата на членот на ДКСК – Нури Бајрами и наодите на ДКСК во врска со наводна злоупотреба на службената должност од страна на Градоначалникот на Општина Куманово, при распределба на средства за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година.“, се погрешни поради нецелосна и погрешно утврдена фактичка состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата ја известува јавноста за следното:
Во предметниот случај не станува збор за изјава на членот на ДКСК – Нури Бајрами, туку се работи за Одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата донесена при нејзиното надлежно постапување по предмет оформен по пријава и која Одлука е донесена од ДКСК како колективно тело со мнозинство гласови на редовна јавна седница, одржана на ден 22.04.2021 година .
Предметната Одлука е донесена врз основа на член 22 став и член 23 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (,,Службен Весник на Република Македонија” број 12/2019) и член 40 и 41 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата и истата е објавена на веб страницата на ДКСК во законски предвидениот рок.