Потпишан Меморандум за соработка со Судскиот совет на Република Северна Македонија
Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијката Адем Чучуљ и претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија м-р Александар Камбовски потпишаа Меморандумот за соработка со кој се утврдуваат заедничките активности за унапредување и зајакнување на соработката меѓу ДКСК и Судскиот совет на Република Северна Македонија во области од заеднички интерес поврзани со законски утврдените надлежности на потписниците, а особено во насока на јакнење на институционалниот интегритет, превенцијата на корупцијата, управувањето со ризиците од корупција, етичкото постапување, транспарентноста и јакнење на довербата на граѓаните во институциите.
Соработката ќе опфати и размена на искуства, консултации и стручна комуникација за прашања поврзани со унапредување на интерните механизми за интегритет, управување со ризици, транспарентност и отчетност, заеднички обуки, работилници, советувања и други активности во насока на превенцијата на корупцијата и одговорно постапување.
















