ДКСК и НДИ потпишаа договор за донација на техничка опрема за унапредување на институционалните капацитети
Државната комисија за спречување на корупцијата и Националниот демократски институт за меѓународни работи – НДИ денеска потпишаа Договор за донација на техничка опрема, со цел унапредување на техничките капацитети на Комисијата и поддршка на нејзиното секојдневно работење.

Донацијата се реализира во рамки на соработката меѓу ДКСК и НДИ, преку проектите поддржани од Швајцарија и Шведска, насочени кон зајакнување на отпорноста кон корупција, поддршка на локалната самоуправа и градење заедници со интегритет.
Со донацијата се обезбедува информатичко-техничка опрема која ќе придонесе кон поефикасно, посовремено и подигитализирано извршување на активностите на ДКСК, особено во делот на едукацијата, обуките, комуникацијата, институционалната соработка и јакнењето на интегритетот.
На настанот присуствуваа претставници на Националниот демократски институт, претставник на Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија и претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, изрази благодарност за континуираната поддршка од НДИ и донаторите, истакнувајќи дека вложувањето во институционалните капацитети е вложување во посилна превенција, поголема ефикасност и подобри услуги за институциите и граѓаните.
„Борбата против корупцијата не се гради само преку закони и постапки, туку и преку силни институции, современи алатки и партнерства засновани на доверба. Оваа поддршка за ДКСК претставува конкретен придонес кон поефикасно извршување на нашите надлежности и кон јакнење на системот на интегритет“, беше истакнато на настанот.

ДКСК ја препознава поддршката од НДИ како значаен придонес во развојот на превентивните антикорупциски механизми, особено во делот на едукацијата, соработката со институциите и поддршката на локалните заедници во градењето култура на интегритет.

Комисијата ќе продолжи да ја унапредува соработката со меѓународните партнери, со цел зајакнување на институционалната отпорност, унапредување на превенцијата од корупција и промовирање на интегритетот како практична вредност во јавниот сектор.














