ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ЈА ОДРЖА 40-та СЕДНИЦА
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денес ја одржа својата 40-та седница.
На седницата, ДКСК донесе 90 одлуки по предмети оформени во рамки на нејзините законски надлежности, од кои 50 се од областа на спречувањето на корупцијата, 30 од областа на евидентирањето и следењето на имотната состојба и 10 од областа на спречувањето на судирот на интереси.
Во три (3) предмети, по утврдување на фактичката состојба, ДКСК одлучи постапувањето да го запре, а предметите, заедно со прибавената документација, да ги достави до Јавното обвинителство за натамошно надлежно постапување.
Во 11 предмети, ДКСК утврди дека, надлежните органи постапиле или постапуваат по наводите, поради што е донесена одлука постапувањето пред ДКСК да се запре.
Во шест (6) предмети, по прибирањето на потребните информации и утврдувањето на фактичката состојба, констатирано е дека наводите изнесени во пријавите не се потврдуваат и дека нема елементи за натамошно постапување на ДКСК поради што е донесена одлука постапувањето да се запре.
Во четири (4) предмети, по утврдување на фактичката состојба, ДКСК одлучи да го запре постапувањето поради тоа што не е утврдена повреда на закон.
Во 18 предмети ДКСК, по утврдување на фактичката состојба, констатира дека нема елементи за натамошно постапување на ДКСК поради што донесе одлука постапувањето да го запре, при што во три случаи предметите ќе бидат проследени на надлежно постапување на други органи.
Во два (2) предмети е донесена одлука за запирање на постапката со тоа што ќе се достави укажување до надлежен орган за преземање на дејствија за надминување на утврдената состојба.
Во 20 предмети, оформени поради неподнесување изјава за имотната состојба и интересите од страна на избрани и именувани лица, донесена е одлука постапувањето да се запре поради постапување на сторителите по издадените прекршочни платни налози. Во пет (5) од овие предмети, во кои и по плаќањето на глобата лицата ( членови на совети на општини ), сè уште не поднеле изјава, ќе биде доставено укажување до нив за исполнување на законската обврска.
Во 19 предмети е констатирано дека пријавите не содржат елементи за постапување во надлежност на ДКСК, поради што е донесена пријавите да се отфрлат.
Во седум (7) предмети, донесена е одлука пријавите да се отфрлат и истите да се достават на надлежно постапување до друг надлежен орган.
Видео-снимката од седницата е објавена на YouTube-каналот на ДКСК.
Одлуките од седница, во деперсонализирана форма, ќе бидат објавени на ВЕБ страницата на ДКСК www.dksk.mk.














