ПРЕТСТАВНИК НА ДКСК УЧЕСТВУВАШЕ НА МАСТЕР-КЛАСОТ „GENDER AND CORRUPTION“ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
Членот на ДКСК м-р Сервет Демири на 9 ноември 2026 година, учествуваше на мастер-класот на тема „Родот и корупцијата“ (Gender and Corruption), организиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово.
Во своето обраќање пред студентите, членот на ДКСК ја истакна улогата на комисијата, нагласувајќи ја важноста на личниот и институционалниот интегритет, транспарентноста и отчетноста.
Посебен акцент беше ставен на улогата на младите и академската заедница во градењето општество засновано на еднакви можности, одговорност и почитување на интегритетот, како и на потребата од препознавање и навремено пријавување на корупциските ризици.
ДКСК останува посветена на соработката со академската заедница и едукацијата на младите како важен сегмент во превенцијата и борбата против корупцијата.

















