Лобирање

Новиот Закон за лобирање беше донесен во јуни 2021 година, со цел да се спречи нелегитимното влијание врз јавните политики и процеси и можни коруптивни ефекти. Законот ги уредува условите за стекнување статус на лобист и лоби организација, регистрацијата на лобистите и лоби организациите и обврските на лобистите, лоби организациите и лобираните лица и органи. Законот за лобирање започнува со примена од 11 јуни 2022 година. За следење на спроведувањето на одредбите од законот надлежна е Државната комисија за спречување на корупцијата.

Доколку имате дополнителни прашања контактирајте не на: lobbying@dksk.org.mk