Работилница за користење на платформата ОСИНТ (Open-source intelligence (OSINT))
Во рамки на Проектот на УСАИД за партнерство против корупцијата, со цел да се унапредат знаењата и вештините на Секретаријатот на Државна комисија за спречување на корупцијата за пронаоѓање, собирање и анализа на податоци од отворени и јавно достапни извори, беше организирана работилница во соработка со Јавното oбвинителство за користење на платформата ОСИНТ (Open-source intelligence (OSINT).
На работилницата, во име на ДКСК, се обрати членот на Комисијата Софија Спасова Медарска која ја потенцираше важноста на организирање на вакви обуки за зајакнување на капацитетите на вработените во Секретаријатот, истовремено искажувајќи благодарност на Проектот за напорите за унапредување на механизмите за соработка на ДКСК со Јавното обвинителство, во насока на поефикасна борба против корупцијата.
Учесниците на работилницата се здобија со корисни знаења кои ќе им помогнат во креирањето на случаите на корупција, и за истражувања на најновите форми и трендови на корупција. Пребарувањето од отворените бази ќе им овозможи знаења и вештини за собирање, систематизирање и оценка на податоците коишто можат да се користат како докази во постапките на ДКСК, и за потребите на понатамошните кривични истраги и обвинувања. Исто така, учесниците имаа можност преку вежби да ги усвојат новите знаења и вештини за заштита од сајбер напади.




