Работна средба со Заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење г.Арбен Фетаи
Државната комисија за спречување на корупцијата, денес, во просториите на Владата на Република Северна Македонија, оствари работна средба со Заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење г.Арбен Фетаи.
Средбата се одржа на иницијатива на вицепремиерот Фетаи во насока на размена на идеи за преземање на координативни активности за поефикасно соочување со предизвиците во борбата против корупцијата.
Вицепремиерот Фетаи истакна дека еден од главните стратешки приоритети на Владата е борбата против корупцијата и воведување на системски политики за промовирање на транспарентност, отчетност и интегритет. Во таа насока, ја истакна заложбата за зајакнување на правната и институционалната рамка за борбата против корупцијата, поддршка за зајакнување и унапредување на меѓуресорската координација на активностите за спречување и борба против корупцијата, со посебен акцент на изготвување на Националната стратегија за борба против корупцијата и судирот на интереси 2026-2030.
Заменик претседателот на ДКСК Билјана Каракашова Шулев и членовите на ДКСК информираа за тековните и планираните активности на ДКСК како и за предизвиците со кои се соочува во својата работа.
На средбата се дискутираше за спроведувањето на Националната стратегија 2021-2025 година, причините за слабата реализација на истата како и за плановите за изготвување на новата Национална стратегија 2026-2030. Заеднички беше констатирано дека е потребен проактивен пристап на сите засекнати страни во насока на изготвување на јасна и спроведлива нова Национална стратегија.
Стана збор и за планираните активности на новиот состав Меѓурсорското тело за координирање на активностите за борба против корупцијата како и за процесот на подготовка на Предлог измените и дополнувањата на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси кој е во тек .
Обострано беше изразена подготвеноста за унапредување на соработката и меѓусебно координирање на активностите во насока на поефикасна превенција и борба против корупцијата.




