Обуки за систем на интеритет

Обуки за систем на интегритет

Обука за промоција на правните и етичките аспекти на интегритетот во процесите на управување со човечките ресурси во институциите од јавниот сектор

Обуки за спроведување на системот на интегритет

Соопштение – тркалезна маса на тема: „Култура на интегритет – Пат до успех во борбата против корупцијата“

Одржани обуки за имплементација на систем на интегритет

Соопштение за јавност – одржана обука за потребите на Даночната Академија при Управата за јавни приходи

Одржан втор циклус на обуки за имплементација на Политиката за интегритет на единиците на локалната самоуправа

Покана за втор циклус на обуки за имплементација на Политиката за интегритет на единиците на локалната самоуправа

Одржани обуки за мониторинг на имплементација на елементите од системот на интегритет преку веб апликација – интернет портал


Водич за интегритет на медиумите

Државна комисија за спречување на корупцијата на 15 декември 2023 година, како партнер институција на УНДП, промовира издание под наслов „Меѓу предизвиците и решенијата – Водич за интегритет на медиумите во Северна Македонија“. Преку докажаното партнерство на Државна комисија за спречување на корупцијата и УНДП, беше создаден Водич, кој беше креиран преку широк консултативен процес и анализа на различни документи.

Главната цел на водичот е да се дефинираат основните предизвици и клучните решенија, како и да се поддржат професионалните медиуми во напорите за непристрасно известување и избегнување влијание од центрите на моќ.

Водичот за интегритет на медиумите е изработен во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на локалните заедници за справување со погрешни информации и родово базирани дезинформации“, кој UNDP MK го имплементира со финансиска поддршка на Данска, Луксембург, Република Кореја и Шведска, во рамки на програмата во рамки на програмата #FundingWindows на United Nations Development Programme – UNDP. Оваа активност од проектот се спроведува во партнерство со Државната комисија за спречување на корупцијата.

Меѓу предизвиците и решенијата – патоказ кон интегритет на медиумите во Северна Македонија
Анализа на состојба и препораки


Координативна средба со учесниците на обуката за имплементација на политиката на интегритет во единиците на локалната самоуправа

Државна комисија за спречување на корупцијата, со поддршка на ОБСЕ Мисијата во Скопје, на 29 септември 2021 година одржа онлине координативна средба со лицата за интегритет во единиците на локалната самоуправа.

На оваа средба се споделија искуства, проблеми и предизвици со кои се соочија лицата за интегритет во процесот на имплементација на системот на интегритет.

Државна комисија за спречување на корупцијата засилено работи на развивање на соодветна методологија за имплементација на системот на интегритет и развој на софтверско решение кое ќе биде алатката преку која ќе се следи имплементацијата на системот на интегритет. Согласно овие активности, во периодот што следи ќе биде интензивирана соработката помеѓу Државна комисија за спречување на корупцијата и општините, во насока на успешна имплементација на елементите на интегритет.  


Корисничко упатство за систем за следење на интегритет

Корисничко упатство за систем за следење на интегритет (pdf)


Извештај за градење на капацитетите на институциите за воведување на системот за интегритет – состојби и предизвици