Обуки за спроведување на системот на интегритет

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во рамки на проектот „Активност за анти-корупција и интегритет“, финансиран од УСАИД, а спроведуван од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), во текот на 2023 година организира серија на обуки за спроведување на системот на интегритет во институциите кои имаат потпишана политика на интегритет и назначени лица за интегритет.

Првата од трите обуки се одржа во периодот од 03-05 мај 2023 година и од 08-10 мај 2023 година во просториите на ДКСК за две групи на учесници од институциите од редот на министерствата, органите во состав на министерствата, агенции, инспекторати, фондови, секретаријати, комисии, заводи, дирекции итн., додека пак за третата група на учесници од институциите од областа правосудство обуката се одржа на 18 и 19 мај 2023 година онлајн преку zoom платформата.

Обуките беа спроведени од страна на експертите Сабина Факиќ, Игор Марковски и Сефер Селими.

Целта на обуките е да се продолжи со континуирана промоција на системот на интегритет, како основа за поттикнување на етичко однесување, отпорност кон корупција, спречување на судир на интереси, создавање на услови за општествен развој и поголема доверба на граѓаните во институциите од јавниот сектор.