Покана за аплицирање на 4-от курс на IACA „Одговорна и етичка употреба на вештачка интелигенција за спречување, откривање и гонење корупција и управување со интегритет“
Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ во соработка со Меѓународната антикорупциска академија (International Anti-Corruption Academy (IACA) со особено задоволство им нуди на ограничен број државни службеници можност да ги унапредат своите знаења и вештини во областа на борба против корупцијата преку академски курс за Одговорна и етичка употреба на вештачка интелигенција за спречување, откривање и гонење корупција и управување со интегритет, кој започнува на 14 септември 2026 година.
Заинтересираните кандидати се поканети да го изразат својот интерес во апликацијата/мотивациското писмо на англиски јазик и да го испратат на следната е-пошта: sashenka.gramatova-ljuben@rolaw.mk не подоцна од 15 мај 2026 година.
Дополнителните детали и документите се достапни на следниот линк.













