ПРОМОЦИЈА НА АЖУРИРАНИТЕ ПОЛИТИКИ ЗА ИНТЕГРИТЕТ ВО СУДСТВОТО И НИВНО ПОТПИШУВАЊЕ ОД СТРАНА НА ОСНОВНИТЕ СУДОВИ ПО АПЕЛАЦИОНИ ПОДРАЧЈА
Државната комисија за спречување на корупцијата, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во втората половина на април 2026 година продолжи со промоција на ажурираните Политики за интегритет во судството и нивно потпишување од страна на основните судови по апелациони подрачја. Во рамките на четирите настани од страна на претседателите на основните судови од апелациони подрачја Штип, Гостивар, Битола и Скопје беше потпишана Политиката за интегритет прилагодена на спецификите на судовите.
Во оваа прилика Државната комисија го презентираше процесот на унапредување на механизмите за интегритет во судството и потврди дека истиот ќе продолжи и во наредниот период преку заокружување на процесот на усогласување на методологијата за следење на имплементацијата на системот на интегритет во судството, а воедно ја истакна својата посветеност во процесот на поддршка на лицата за интегритет во судската власт.
Присутните се согласија дека зајакнувањето на интегритетот во судството е темел на доброто управување и владеење на правото, а воедно истиот претставува механизам за воспоставување на стратешки одржлив одговор на судовите кон ризиците од корупција, што е предуслов и за зајакнување на интегритетот во секторот правосудство.
Државната комисија ги потврди своите заложби за континуирано и конзистентно унапредување на системот на интегритет во правосудството, како дел од поширок, инклузивен и транспарентен процес започнат уште во втората половина на 2025 година.
Апелационо подрачје Штип – 15 април 2026 година, ресторан 7 ЕВЕНТС во Штип


Апелационо подрачје Гостивар – 17 април 2026 година, хотел „Меркур“ во Тетово


Апелационо подрачје Битола – 21 април 2026 година, хотел „Милениум“ во Битола


Апелационо подрачје Скопје – 28 април 2026 година, хотел „Арка“ во Скопје



















