Работилница за зајакнување на институционалната кохезија за ефективна превенција на корупцијата
Државната комисија за спречување на корупцијата, со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), во периодот 06-08 јули 2026 година, во Струга, реализираше работилница посветена на зајакнување на институционалната кохезија во делот на надлежното постапување за време на изборните процеси.
На работилницата учествуаа претседателот и членовите на ДКСК како и вработените во Секретаријатот на ДКСК.
На рабвотилницата, презентирани беа законските надлежности на ДКСК поврзани со слењдењето на изборниот процес, искуствата од претхопдните изборни циклуси, детектираните системски слабости, како и предизвиците со кои се соочува ДКСК во спроведување на нејзините законски надлежности.
Исто така, беа презентирани практични случаи од постапувањето на ДКСК за време на локалните избори 2025 година. Воедно, беше дискутирано за интерната комуникација и организација на ДКСК за време на изборниот процес, соработката со другите надлежни органи и можностите и механизмите за унапредување на истите.
Од страна на претседателот на ДКСК Адем Чучуљ и од Афрдита Хаџијаха од ИФЕС, заеднички беше истакнато задоволството од успешно реализраната работилница како и од досегашната соработка и поддршката на ИФЕС за ДКСК за спроведување на незјините надлежности за време на изборните процеси.




















