Стратешки дијалог на лидерите во борбата против корупцијата
На 21 и 22 април 2026 година во Вилниус, Литванија, во организација на OECD Мрежата за борба против корупцијата за Источна Европа и Централна Азија (ACN) се одржа состанок “Стратешки дијалог на лидерите во борбата против корупцијата”, каде како претставник на Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваше Ирена Поповска, Раководител на Секторот за спречување на корупцијата. На овој состанок, каде учествуваа раководители на антикорупциски институции на земјите членки на ACN, националните координатори на ACN, Секретаријатот на ACN, како и клучни партнери и донатори на Мрежата, се разгледа напредокот и предизвиците во спроведувањето на антикорупциските реформи, како и реализација на активностите од Програмата за работа на ACN за периодот 2023-2026. Воедно, на состанокот беше отворен дијалог помеѓу присутните претставници, со цел дефинирање на стратешките приоритети, потреби и помош во дефинирањето на идните клучни параметри во наредната Програма за работа на ACN за периодот 2027-2030.














