Студиска посета на ДКСК во Рим, Република Италија
Делегација на Државната комисија за спречување на корупцијата се наоѓа во студиска посета во Рим, Република Италија. Домаќин на ДКСК е Националната антикорупциска агенција на Република Италија (ANAC). Во рамки на студиската посета, покрај со ANAC, ДКСК ќе оствари средби и со други институции со надлежности на полето на превенцијата и борбата против корупцијата и тоа Финаниската полиција, Националната дирекција – Антимафија, Министерството за јавна администрација, Националната школа за јавна администрација, Централизираното тело за транспарентност и конкурентност за јавните набавки и Ревизорскиот суд.