Реализирана студиска посета во Рим, Република Италија
Делегација на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) предводена од претседателката Билјана Ивановска во периодот од 5-ти до 8-ми јули 2022 година реализираше студиска посета во Рим, Република Италија.
Домаќин на делегацијата од ДКСК беше Националната антикорупциска агенција на Република Италија (ANAC). Посетата беше организирана со поддршка на ИПА 2 проектот на Европската унија „Промовирање на транспарентноста и одговорноста на јавната администрација“.
Целта на студиската посета беше стекнување и размена на искуства на полето на воспоставувањето и унапредувањето на системот на интегритет во јавните институции, како и стекнување на искуства и позитивни практики во областа на системот на заштита на укажувачите.
На почетокот на студиската посета, ДКСК одржа работна средба со претставници на ANAC, предводени од претседателот Џузепе Бусиа, кој даде вовоедно обраќање и накусо ги презентираше статусот и законските надлежности на ANAC. Во продолжение на средбата претставниците на ANAC презентираа дел од надлежностите кои се однесуваат на алатките на системот за превенцијата на корупцијата и промовирање на интегритетот и транспарентноста во Италија, заштита на укажувачите како и мониторнигот на јавните набавки и Националната база на податоци на договорите за јавни набавки.
Во рамките на отворените дискусии, претставниците на ДКСК споредбено ги презнираа легислативата, алатките и искуствата на ДКСК во врска со наведените теми.
На крајот на средбата, двете делегации искажаа особено задоволство за воспоставената соработка како и подготвеност за продлабочување на истата, во рамките на потпишаниот меморандум за соработка во август 2021 година.
Во продолжение на студиската посета ДКСК оствари средби и со претставници на други институции со надлежности на полето на превенцијата и борбата против корупцијата и унапредувањето на системот на интегритет и заштита на укажувачите и тоа: Финаниската полиција, Агенцијата за управување со одземен имот, Министерството за јавна администрација, Националната школа за јавна администрација, Централизираното тело за транспарентност и конкурентност за јавните набавки „CONSIP“ и Ревизорскиот суд.
На средбите ДКСК беше запознаена со статусот и надлежностите на наведените институции, нивните активности насочени кон превенција и репресија на корупцијата како и постигнатите резултати.