Обука за управување со ризици од корупција во Државната изборна комисија
Државната комисија за спречување на корупцијата зема активно учество на обука за управување со ризици од корупција, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, наменета за претставници на Државната изборна комисија.
Обуката претставува прв практичен чекор кон подготовка на Регистар на ризици од корупција на Државната изборна комисија, како важна алатка за навремено препознавање, проценка и управување со потенцијалните ризици во изборниот процес.

За ДКСК, овој процес е особено значаен бидејќи управувањето со ризици од корупција претставува еден од клучните елементи на системот на интегритет. Преку долгогодишното следење на имплементацијата на системите на интегритет и обезбедувањето стручна поддршка на институциите, ДКСК придонесува кон развој на механизми за навремено препознавање, проценка и управување со ризиците од корупција.

ДКСК ќе продолжи да обезбедува стручна поддршка во процесите за јакнење на институционалниот интегритет и превенција на корупцијата, особено во области од висок јавен интерес како што е имплементацијата на системот на интегритет.














