СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ДКСК го објави Каталогот на подароци за избрани и именувани лица – чекор кон поголема транспарентност и отчетност
Државната комисија за спречување на корупцијата ја информира јавноста дека на својата официјална платформа го објави Каталогот на подароци за избрани и именувани лица, кој содржи податоци за пријавените подароци за 2025 година.
Објавувањето на овие податоци претставува значаен чекор кон зајакнување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на носителите на јавни функции, во согласност со законските обврски и принципите на отворено и одговорно управување.
Каталогот овозможува јавен увид во пријавените подароци и претставува алатка за зголемување на довербата на граѓаните во институциите, како и за превенција од потенцијални ризици од судир на интереси и корупција.
Државната комисија укажува дека редовното и навремено пријавување на подароци од страна на службените лица е важен елемент на системот на интегритет и дел од пошироките напори за јакнење на етичките стандарди во јавниот сектор.
Каталогот е јавно достапен на следниот линк:
https://podaroci.dksk.mk/gift-submission/public-figures?page=0&rowsPerPage=5
ДКСК ќе продолжи со активности насочени кон унапредување на транспарентноста и доследна примена на законската рамка, со цел јакнење на довербата на јавноста и спречување на корупцијата.












