Учество на ДКСК на каскадната обука за судиска етика
Заменик-претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Софија Спасова Медарска, учествуваше на каскадната обука за судиска етика, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Агенција на Франција за меѓународна техничка соработка и развој и Академијата за судии и јавни обвинители.

Во своето обраќање, Спасова Медарска ја истакна важноста на интегритетот и етиката како темелни вредности за независно, непристрасно и професионално судство, нагласувајќи дека довербата на јавноста во правосудниот систем директно зависи од почитувањето на највисоките етички стандарди.
Таа се осврна и на досегашната соработка помеѓу ДКСК, Судскиот совет, Академијата за судии и јавни обвинители и другите институции од правосудниот сектор во насока на јакнење на интегритетот и унапредување на антикорупциските политики. Посебно беше нагласено значењето на системот на интегритет во судството и процесот на имплементација на Политиката за интегритет во судските институции, како важен механизам за зајакнување на транспарентноста, отчетноста и отпорноста кон корупција.
Во рамки на настанот беше истакната и улогата на правосудниот сектор во подготовката на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030, при што ДКСК ги повика сите засегнати страни активно да се вклучат во тековниот консултативен процес.

ДКСК ќе продолжи активно да соработува со правосудните институции и меѓународните партнери во насока на јакнење на интегритетот, етиката и владеењето на правото како клучни предуслови за ефикасна превенција на корупцијата и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите.














